Милан ја засилува одбраната со Свен Ботман

Менаџерскиот тим на Милан е во потрага по нов централен дефанзивец кој ќе биде партнер на Фикајо Томори во одбраната на тимот, после повредата на Симон Кјаер.

Директорот Паоло Малдини како приоритет за евентуален трансфер го истакнува играчот на Лил, Свен Ботман. Тој посакува да го доведе 21-годишниот холандски репрезентативец на позајмица во јануари со право на негов целосен откуп по завршетокот на сезоната.

Ботман има слични физички предиспозиции со Томори и заедно би претставувале вистински ѕид во одбраната на тимот од „Сан Сиро“.