Милан ја одреди цената за Алваро Мората

Милан одреди цена за Алваро Мората. Заинтересираните клубови ќе мора да платат од 15 до 18 милиони евра за него, објавија италијанските медиуми.

Милан ја одреди цената по шпекулациите дека Комо е заинтересиран за Мората, кој сака да го засили тимот за следната сезона.

Мората е на позајмица во Галатасарај до јануари 2026 година.

„SportMediaset“, објави дека Милан бара најмалку 15 милиони евра за Мората, но дека прво ќе мора да се договори со Галатасарај за прекин на позајмицата.

Медиумите објавија дека Милан е заинтересиран за Мојсе Кен од Фиорентина. Фудбалерот има клаузула за откуп во износ од 52 милиони евра, која ќе биде активирана на 1 јули.

Манчестер јунајтед е исто така заинтересиран за тој италијански напаѓач.

Кен сезоната ја заврши во Фиорентина, постигна 19 голови и беше втор стрелец во Серија А.