Милан ќе му понуди нов договор на Ибрахимовиќ
Италијанската „ Газета дело Спорт“ објавува дека калчолигашот Милан ќе започне преговори за нов договор со голгетерот Златан Ибрахимовиќ.
40-годишниот Златан има уште шест месеци од актуелниот договор со тимот од „Сан Сиро“ според кој заработува седум милиони евра и е меѓу најплатените играчи во екипата.
Сеуште не се објавуваат деталите од новиот договор, но најверојатно истиот ќе биде прифатлив за легендарниот Ибра кој неодамна изјави дека колку е постар толку подобро игра.