Мила Рељиќ бронзена на Г-1 во Тирана

Македонската теквондистка и олимпијка Милијана Мила Рељиќ освои бронзен медал на Г-1 Опен турнирот „Албанија“ во Тирана. Рељиќ во првото коло беше слободна, а потоа со 2-1 во рунди ја совлада Леонарда Андриќ од Канада
Во борбата за медал, Мила беше подобра од Шпанката Елена Лена Торес, повторно со 2-1 во рунди.
Одлуката падна во третата рунда, која македонската претставничка ја доби со минимални 10-9 поени. Во полуфиналето Рељиќ загуби од Турчинката Хатиџе Пинар Јигиталп со 0-2 во рунди.
Турската натпреварувачка славеше со 4-2 поени во двете рунди и обезбеди пласман во финалето.
Со бронзата, Рељиќ освои нови 3,60 поени за светската и олимписката ранг-листа.