Милевски без Етеми и Ристовски против Грузија и Бугарија

Македонската репрезентација денеска ги започнува подготовките за двата последни два натпревари од групата 3 во Лига на нации против Грузија (Тбилиси, 23 септември) и Бугарија (Скопје, 26 септември).

Поради повреда веќе е познато дека Дарко Чурлинов нема да биде во составот на селекцијата за двете пресметки, но дополнителни проблеми за селекторот на нашата најдобра репрезентација, Благоја Милевски се новите две откажувања поради повреда. Капитенот Стефан Ристовски (повреда на тетивата) и напаѓачот Ваљон Етеми (повреда на бутниот мускул),  исто така нема да можат да се стават на располагање за мечевите против Грузија и Бугарија.

Нашиот стручен штаб подоцна во текот на денот ќе соопшти за дополнителен повик во репрезентацијата.

Македонската репрезентација денес во 17:30 на тренинг центарот „Петар Милошевски“ го има првиот тренинг од подготовките.