Милевски: Велс е веројатно најсериозниот ривал откако сум селектор

Селекторот Благоја Милевски по дуелот во Лихтенштајн рече дека со оглед на ситуацијата во нашата земја, воопшто не го интересира како и на кој начин дојдовме до победата во Вадуц, туку најбитни се трите бода. Сега, против Велс ситуацијата е сосема поинаква. Противникот е силен, Велс доаѓа во Скопје по победа.

„Секако дека е Велс и тоа како анализиран. На повеќе мечеви. Мислам дека сме подготвени, треба да бидеме совршени на тактички план, во дисциплина, во тркачкиот дел, и максимален фокус, ако сакаме да дојдеме до поволен резултат. И пред мечот во Вадуц, а и сега мора да кажам дека емоциите не може да се скријат, тука се. Тешка е ситуацијата за сите, и за мене и за фудбалерите. Од тој аспект реков не очекува најтешкиот меч. Околностите се тие. Не можеме да ги смениме. Не сме фаворити, апсолутно не. Ранкингот нивен кажува многу. Тоа се играчи кои играат во Премиер лига, Француска Лига 1. Но во фудбалот не секогаш победуваат фаворитите. Реков и претходно дека утре мора да бидеме совршени, и на максимален фокус. Концентрација во сите делови од теренот, ако сакаме да бидеме на потребното ниво. Велс е многу веројатно најсериозниот противник одкако јас сум селектор. Тактички, тркачки совршена. Технички имаат голем напредок во последните години. Како ќе одговориме ќе видиме“ – рече селекторот Милевски на пресот пред утрешниот дуел во Скопје.