Милевски ги собра фудбалерите во Скопје пред дуелите со Летонија и Велс

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски денеска го имаше собир со нашата репрезентација пред натпреварите со Летонија и Велс. На собирот пристигнаа скоро сите од 28-те повикани фудбалери за престојните две пресметки, во четврток во Скопје против Летонија во пријателски натпревар, акко и оној на 18-ти кога ќе му гостуваме на Велс во последното коло од квалификациите за СП 2026.
„Пред нас се два предизвика во облик на пријателски односно квалификациски дуел. За мечот против Летонија можам да кажам дека е одлична можност да се добие дополнително репрезентативно искуство за оние кои чекаат шанса и поголема минутажа. Што се однесува пак до мечот против Велс, се знае. Македонија чека историски успех, пласман, па зошто тоа да не го оствариме. Македонија не признава друго освен победничка тактика. Против кого и да играме нашата цел се знае, победа“, истакна нашиот репрезентативец Лука Станковски на денешниот собир.
Попладнево нашата селекција од 17.30 часот на терените на ФФМ ќе го има и првиот тренинг.