Милевски: Горд сум на тоа што досега го направивме. Ќе се бориме за успех и на утрешниот меч

Репрезентацијата на Македонија утревечер во Гент ќе игра против најголемиот фаворит во групата, селекцијата на Белгија. Нашиот национален тим дојде во Белгија како првопласирана селекција во групата, на што селекторот Благоја Милевски е посебно горд.

Тој верува дека и утре неговите избраници ќе го дадат најдоброто од себе.

“Можам да кажам дека сум горд на моите фудбалери, и тоа не само во овие квалификации, туку и во претходните години. Со настапот во Лигата на нации, со овој циклус, со речиси загарантиран плејоф. Тоа е изворот на енергијата што ни е потребна за да се движиме напред. Белгија има неверојатен ростер, тие се и понатаму фаворити во групата, но ние продолжуваме да сонуваме и не очекуваат решавачки натпревари. Ќе сториме се за да ја оствариме нашата цел. Имаме прекрасни момци, кои секогаш го даваат максимумот и се тука за Македонија”, изјави селекторот Милевски на прес-конференцијата.