Милевски го повика Ракип за дуелите со Лихтенштајн и Германија
Македонскиот селектор Благоја Милевски денеска го објави списокот на фудбалери за претстојните два меча со Лихтенштајн и Германијаво во мундијалските квалификации.
На истиот фигурираат неколку повредени фудбалери, Барди, Муслиу, Адеми како и дебитантот, Ердал Ракип, кој ги брани боите на Малме од Шведска.
Репрезентативците во тренинг процес ќе влезат од понеделник. За Лихтенштајн ќе се патува на шести октомври.
Голмани:
Столе Димитриевски (Рајо Ваљекано, Шпанија), Дамјан Шишковски (Докса, Кипар), Дејан Илиев (Серед, Словачка)
Одбрана:
Стефан Ристовски (Динамо Загреб, Хрватска), Дарко Велковски (Ријека, Хрватска), Висар Муслиу (Мол Види, Унгарија), Кире Ристевски (АЕЛ Лимасол, Кипар), Езѓан Алиоски (АЛ Ахли, Саудиска Арабија), Тодор Тодоровски (Раднички Ниш, Србија), Стефан Ашковски (Сепси, Романија), Ѓоко Зајков (Левски, Бугарија), Никола Серафимов (Залаегерсег, Унгарија), Јани Атанасов (Хајдук, Хрватска)
Среден ред:
Елиф Елмас (Наполи, Италија), Енис Барди (Леванте, Шпанија), Стефан Спировски (АЕК Ларнака, Кипар), Тихомир Костадинов (Ружомберок, Словачка), Бобан Николов (Шериф Тираспол, Молдавија), Аријан Адеми (Динамо Загреб, Хрватска), Ердал Ракип (Малме, Шведска)
Напад:
Адис Јаховиќ (Гезтепе, Турција), Милан Ристовски (Спартак Трнава, Словачка), Бојан Миовски (МТК, Унгарија), Александар Трајковски (Алборг, Данска), Дарко Чурлинов (Шалке 04, Германија), Никола Ѓорѓев (Грасхоперс, Швајцарија)