Милевски го соопшти списокот за трите теста во Анталија

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација У21, Благоја Милевски, денеска го објави списокот на повиканите играчи за тритe контролни средби во Анталија. Таму ќе играме со Казахстан (24 март), Словачка (27 март) и Бугарија (29 март). „Тие натпревари се последен филтер за тоа како ќе изгледа тимот во квалификациите за ЕП. Сите повикани фудбалери ќе добијат подеднаква минутажа на трите меча. Нашата цел е да добиеме точна претстава за квалитетот на секој фудбалер а на нив останува дали ќe заслужат место во тимот на јунските квалификации“, изјавa Милевски за официјалниот сајт на ФФМ.
Список на повикани репрезентативци:
Голмани: Давид Денковски (Брегалница), Дамјан Серафимов (Македонија Ѓ.П.), Стефан Јакимовски (Кадино)
Одбрана: Александар Ѓурковски (Вардар), Марио Младеновски (Ботев Пловдив, Бугарија), Виктор Крстевски (Вардар), Блертон Шеји (Струга Трим Љум), Филип Алексовски (Македонија Ѓ.П.), Филип Антовски (Славија Софија, Бугарија), Мартин Радуловиќ – Величковиќ (Вардар), Бесник Ферати (Академија Пандев)
Среден ред: Енис Фазлагиќ (Жилина, Словачка), Арби Воша (Македонија Ѓ.П.), Давид Калпачки (Беласица), Флорент Рамадани (Шкендија), Томче Гроздановски (Злате Моравце, Словачка), Бојан Димоски (Академија Пандев), Агон Елези (Вараждин, Хрватска), Лука Станковски (Работнички), Димитар Тодоровски (Работнички)
Напад: Марко Ѓорѓиевски (Раднички Пирот, Србија), Дарко Чурлинов (Штутгарт, Германија), Јакуп Бериша (Шкупи), Марио Илиевски (Септември Софија, Бугарија), Методија Максимов (Работнички), Берат Калкан (Карачабej, Турција).