Милевски и официјално селектор на А репрезентацијата
Сениорската фудбалска репрезентација на Македонија и официјално има нов предводник. Благоја Милевски ја започнува својата ера со А тимот, кој полека ќе почне да размислува за квалификациите за пласман на СП.
Милевски, кој испиша историја со У21 генерацијата и пласманот на ЕУРО во 2017. година, сега треба да го консолидира тимот кој летово дебитираше на сениорските континентални собири.
Се очекуваат повеќе измени во составот, можен е кам бек на играчи кои повеќе години не добиваа шанса од Ангеловски, но се знае дека во дресот на Македонија веќе нема да настапува Горан Пандев, кој се повлече од репрезентацијата.
Македонија во септември ја очекуваат пресметките со Ерменија, Исланд и Романија во квалификациите за СП во Катар.