Милевски: Можевме да освоиме барем уште четири бода на овие три меча

Новиот селектор на Македонија, Благоја Милевски трет натпревар по ред мораше да се задоволи само со освоен бод во квалификациите за СП во Катар.

Македонија на „Тодор Проески“ одигра 0:0 против Романија и со ова не ја искористи шансата по ремито на Ерменија и Лихтејнштајн да се искачи на второто место на табелата во групата Ј.

„Би сакал да изразам сочувство до сите фамилии кои имаат жртви во несреќата во Тетово, од мое име и од мојот тим. Без разлика на се, Македонија тоа што го покажа на овие три натпревари, мислам дека досега во историјата никогаш не играла ваков фудбал. Немам замерка за момците, играа фудбал кој е задоволство да се гледа. Имавме многу ситуации, каде и состојбата на теренот искрено, срамота е да се игра на ваков терен. Има уште четири натпревари до крај, во оваа група до последниот натпревар нема да се знае кој ќе дојде до второт место, секој следен натпревар треба да ние е најважен. До последното коло против Исланд, сакам и се надевам дека ќе останеме конкурентни. Не можеме да бидеме задоволни од бодовите кои ги освоивме во овие три натпревар. Мислам дека заслужуваме најмалку уште четири бода. Сепак не можам да бидам незадоволен од тоа што го пренесоа момците на теренот, напредуваме ментално, сега видовме уште поагресивна напаѓачка Македонија се секако ментално постабилна. Благодарност до навивачите за нивната поддршка, овие момци го заслужуваат тоа.“ – изјави селекторот Благоја Милевски.

Македонија во следното седмо коло од мундијалските квалификации ќе игра со Лихтејнштајн на гостински терен, натпреварот е закажан за 8 октомви.