Милевски нема да добие нов договор, Македонија ќе добие нов селектор

По убедливиот пораз од Велс во последното коло од квалификациите за СП 2026 со 7-1, шпекулациите околу селекторското место во националниот тим полека добиваат интензитет. Се погласно се зборува дека во Фудбалската федерација на Македонија размислуваат за ново селекторско име кое ќе го замени досегашниот предводник Благоја Милевски, чиј договор заврши со последниот меч во Кардиф.
За позицијата ќе се разговара на следната седница на управниот одбор на федерацијата која ќе се одржи најверојатно веќе следната недела.
Милевски денес ќе биде во Цирих на ждрепката за одредување на двојките за баражите, а таму ќе бидат и првиот човек на ФФМ, Масар Омерагиќ заедно со Горан Пандев и Николче Новески. Останува да мине ждрепката денеска, да ја чекаме дефинитивната одлука за позицијата на Милевски на кормилото на репрезентацијата.