Милевски: Ова е неправеден резултат за нас

И покрај многу подобрата игра во најголемиот дел од мечот, Македонија направи од готово вересија во Рејкјавик, каде успеа да пропушти предност од 0:2. Исланѓаните стигнаа до реми, а Дарко Чурлинов во 95. минута немаше среќа, кога од гол линијата спасуваше Бјарнасон.

Селекторот Благоја Милевски по првите две средби запиша два бода, со Ерменија 0-0, и сега со Исланд на гости 2-2.

„Мислам дека бевме подобар противник, особено во првите 75 минути, мислам дека е ова неправеден резултат за нас, Исланд покажа карактер и стигна до добар резултат. Моите играчи одиграа перфектни 70 минути, головите кои ги примивме беа по наши грешки. Пресуди психолошкиот момент, ќе анализираме, мислам дека на крај не заслуживме да изгубиме два бода. Во моментов сум задоволен од перфекцијата што ја покажаа играчите во првите 70 минути, не сум задоволен од резултатот, репер треба да ни бидат првите 70 минути, тоа е правецот во кој треба да се движиме“ – изјави Милевски.