Милевски: Паднавме на физички план во второто полувреме
Македонската фудбалска репрезентација доживеа убедлив пораз од Грузија во Скопје со резултат 0:3 во Лигата на нации. Овај пораз ја намали шансата Македонија да го освои првото место во групата, и повторно преку бараж да се бара пласман на ЕП 2024 година.
Селекторот на репрезентацијата Благоја Милевски, после натпреварот изјави дека ова е максимумот на селекцијата во моментов.
„Сакам да им честитам на Грузија на победата кој е сосема заслужена. Македонија имаше контрола до 50.минута од натпреварот но потоа се случи голем пад пред се на физички план. Ова е нашиот максимум во овој момент. Жалам што не успеавме да постигнеме гол во периодот кога имавме доминација на теренот. Денеска сите противници играат добар фудбал и мора да се респектираат“, изјави Милевски.