Милевски: Само со врвно ниво се парира на Германија

Македонија денес ќе ја пречека Германија во новата рудна од квалификациите за Мундијалот а селекторот Благоја Милевски очекува да бидат исполнети сите задачи и да се продолжи серијата без пораз.

„Секој натпревар има тежина, секој меч е приказна за себе. Нема опуштање и притисок. Мора да бидеме на врвно ниво со тактичката дисциплина како поединечно така и тимски. Го респектираме противникот, одличен тим со врни фудбалери. Имаме шест млади играчи. Од нив зависи како ќе се наметнат. Во создавање сме на нова физиономија на тимот кој ќе биде конкурентен за ЕП 2024 во Германија. Поддршката ни е потребна и тоа ќе биде од голема помош“, изјави Милевски.