Милевски со еден дебитант против Белгија и Казахстан

Селекторот на нашите најдобри фудбалери, Благоја Милевски, го објави списокот за претстојните квалификациски натпревари за пласман на Мундијалот во 2026 година. Македонија на 6 јуни ќе ја пречека селекцијата на Белгија додека три дена подоцна ќе гостува кај Казахстан.

Избраниците на Милевски во првите две кола славеа на гостувањето кај Лихтенштајн со 3:0 и одиграа дома нерешено со Велс 1:1. Белгија допрва ќе стартува во квалификациите додека Казахстан има пораз од Велшаните и победа против Лихтенштајн.