Милевски: Со Ерменија шанса ќе добијат оние кои треба да се докажат

Фудбалската репрезентација на Македонија утре ќе се сретне со Ерменија во пријателски натпревар кој ќе се одигра во Струмица. По поразот од Украина во квалификациите за Европското првенство, нашата селекција е слободна во оваа рунда, па ќе го искористи тоа за да одигра контролен пријателски меч со оваа селекција.

На прес-конференцијата пред натпреварот, своите очекувања ги изнесе селекторот Благоја Милевски. Тој нагласи дека шанса за настап ќе добијат сите, ама пак ќе се оди на победа. 

„За натпреварот против Ерменија ќе им дадеме шанса на фудбалерите во составот кои треба да го потврдат потенцијалот во репрезентацијата. После исцрпувачкиот меч во Прага ќе видиме колку фудбалерите чувствуваат физички замор. Нема повредени и пред натпреварот ќе одлучиме кој ќе започне.

Контролниот меч против Ерменија, која е квалитетна селекција и одигра одлични квалификации е одлична можност за сите нас да го провериме потенцијалот со кој располагаме. Шанса ќе добијат сите, но ќе одлучиме за минутажата на фудбалерите. Оваа селекција секогаш оди на победа, така ќе биде и утре против Ерменија“, изјави Милевски. 

Пресметката во Струмица е закажана за во вторник во терминот од 15:00 часот.