Милевски: Фокусот ни е на натпреварот со Белгија

Селекторот на фудбалерите, Благоја Милевски, на средба со новинарите го објави списокот на репрезентативци за мечевите со Белгија и Казахстан во квалификациите за Мундијалот во 2026.
„Во однос на списокот, во најголем дел е истиот од претходниот, имаме еден дебитант, односно повикан е Стефан Деспотовски. За жал не можеме да ги имаме Дарко Велковски, Никола Серафимов и Лирим Ќамили кои се повредени а под знак прашалник се Алими, Димоски и Миовски, за кои се надевам дека лекарскиот тим ќе ги оспособи да се стават во функција на тимот“ –рече Милевски.
„ Белгија ни е прв противник и цел фокус ни е насочен да бидеме на потребното ниво за да парираме на една според мене, топ 5 репрезентации во Европа. Новиот селектор Руди Гарсија ја водеше Белгија на дуелите со Украина. Играчите се тие, индивидуалниот потенцијал ни е добро познат, имаме доволно информации за да се подготвиме“ – нагласи Милевски.