Милер-Мекинтаер ја менува Црвена Звезда со Олимпијакос

Според грчките медиуми, плејмејкерот на Црвена Звезда, Коди Милер-Мекинтаер, е на чекор до трансфер во Олимпијакос.
Преговорите меѓу двете страни се во напредна фаза, а грчкиот клуб сака да го обезбеди неговиот потпис пред да стане слободен агент.
Милер-Мекинтаер зад себе има одлична сезона во Евролигата, каде беше лидер по асистенции.
Во меѓувреме, Звезда веќе бара замена, а главен кандидат е Крис Џонс од Хапоел Тел Авив. Сепак, израелскиот клуб се обидува да го задржи со нов договор.