Милер негира дека се ближи фудбалска пензија

Ветеранот во редовите на Баерн Минхен, Томас Милер, не размислува за пензионирање. Тој најави дека ќе продолжи да игра и во наредната сезона 2024/25. Договорот на 34-годишниот плејмејкер со Баварците истекува догодина во јуни.

„Сигурно сакам да играм барем уште една година. Уживам во времето на теренот и се надевам дека тоа ќе продолжи“, рече Милер.

Тој целата кариера ја помина во германскиот состав и освои 12 титули во Бундес-лигата. Има 715 настапи и 253 гола.