Милер: Немавме доволно енергија, можевме да загубиме и поубедливо
Баерн Минхен вчера изненадувачки загуби кај Виљареал со 1-0 во првиот меч од четвртфиналето во Лигата на фудбалските шампиони. Напаѓачот на Баварците, Томас Милер, призна дека неговиот тим не бил на посакуваното ниво.
„Немавме доволно енергија, не направивме вистински шанси. Можевме да загубиме и поубедливо. Виљареал е сериозен тим. Ќе мора добро да се подготвиме за реваншот. Ние сме сепак Баерн Минхен“, изјави Милер.