Милер по дебито во МЛС: Ми се допаѓа да сум под притисок

Легендарниот играч на Баерн Минхен и на Германија, Томас Милер, го даде дебитантскиот гол откако во текот на летото се пресели во САД.

Токму со неговиот погодок , Ванкувер успеа да победи против Сент Луис Сити со 3-2 во крајно драматична завршница во натпревар од МЛС Лигата.

„Тоа беше неверојатен момент за мене. Ми се допаѓа да бидам под притисок и кога моите соиграчи ми честитаа, чувството да го постигнам тој гол пред нашите навивачи беше многу убаво“, рече Милер.