Милеска го објави списокот на селекцијата до 17 години

Женската фудбалска репрезентација до 17 години ќе биде дел од квалификациите за пласман на Европското првенство.

Селекцијата на Македонија е дел од четвртата група во Б лигата и на турнирот во Грузија каде покрај домаќинот ќе настапат уште Луксембург и Велс.

Првиот натпревар го играме против Грузија на 25 овој месец, а почетокот е закажан за 16 часот. Три дена подоцна од 14 часот се среќаваме со Луксембург додека на 31. октомври противник ни е Велс, а стартот на мечот е во 13 часот.

Селекторката на репрезентацијата Катерина Милеска за настап на турнирот ќе смета на следниве фудбалерки.

Голманки:

  1. Ања Стојмиловска – ЖФК Кочани
  2. Mагдалена Иломаноска – ЖФК Пелистер

Одбрана:

  1. Maрија Климоска – Brescia Femminile
  2. Лина Мицовска – ЖФК Кочани
  3. Софија Величковскa – ЖФК Речица
  4. Кеила Алиоски -Team AFF-FFV
  5. Eмилија Ивковиќ – ЖФК Скопје
  6. Нина Манасиева – ЖФК Кочани
  7. Стефани Богдановска – BK Hacken

Среден ред:

  1. Тамара Атанасовска – ЖФК Скопје
  2. Ања Каранфиловска – ЖФК Истатов
  3. Христина Јорданова – ЖФК Скопје
  4. Душица Лазареска – ЖФК Цевитана
  5. Софија Велинова – ЖФК Кочани

Напад:

  1. Елена Наумоска – ЖФК Скопје
  2. Јана Милошевска – ЖФК Скопје
  3. Лаила Бала – WFC Luzern
  4. Ана Марија Велевачкоска – ЖФК Цевитана
  5. Лана Спасовска – ЖФК Речица
  6. Глорија Тодорова – ЖФК Скопје