Милинковиќ-Савиќ заминува од Лацио на крајот од сезоната

Тренерот на фудбалерите на Лацио, Маурицио Сари, дал зелено светло Сергеј Милинковиќ-Савиќ да биде ставен на траснфер-пазарот во текот на летото.

Србинот иако има договор со „римските орли“ до 2024 година, клубот се соочува со големи финансиски проблеми и одлучи да го продаде за 70 милиони евра.

Не е тајна дека за услугите на Милинковиќ-Савиќ се заинтересирани неколку европски гиганти: ПСЖ, Јувентус и Манчестер Јунајтед.