Милинковиќ-Савиќ пак одби да игра за српската репрезентација

Фудбалската репрезентација на Србија во натпреварите од баражот за опстанок во А дивизијата од Лигата на нациите нема да може да смета на една од ѕвездите.
Сергеј Милинковиќ Савиќ одново го одби повикот од селекторот Драган Стојковиќ – Пикси. Според српските медиуми, ѕвездата не дала одговор зошто не сака да игра за репрезентацијата, откако последен пат настапи за Србија на Европското првенство.
Оттогаш наваму Милинковиќ Савиќ ги скокна шесте натпревари од Лигата на нациите, а сега нема да заигра ниту во борбата за опстанок.
Србија во борбата за опстанок ќе одигра двомеч во четири дена против селекцијата на Австрија на 20 и 23 март.