Милитао ќе добие нов договор во Мадрид
Одбранбениот фудбалер на Реал Мадрид, Едер Милитао, ќе добие понуда да остане подолг период на стадионот – „Сантијаго Бернебе“ .
24-годишниот Бразилец по заминувањето на Серхио Рамос и Рафаел Варан е главниот столб во одбраната. Затоа клубот планира да ја продолжи соработка до 2028 година.
Милитао беше купен од Порто во 2019 година за 50 милиони евра. Досега има 97 натпревари, 4 гола и 5 асистенции.