Милош Раониќ го пропушта Австралија опен

Тенисерот од Канада, Милош Раониќ, нема да учествува на Австралија опен. Неговото место го главната ждрепка ќе го заземе шпанскиот тенисер Карлос Табернер.

Раониќ поради повредите кои го мачат подолго време, минатата сезона го пропушти учеството и на Ролан Гарос, Вимблдон, УС опен и Олимписките игри.

Последен турнир на кој учествуваше беше оној во Атланта кој се одржа минатиот јули, а севкупно во 2021 година има одиграно само 12 меча.

Австралија опен е единствениот гренд слем на кој Раониќ зеде учество минатата сезона и тогаш успеа да стигне до четвртото коло каде беше поразен од Новак Џоковиќ.