Милојевиќ замина од Црвена Звезда, отворена врата за кам-бек на Станковиќ

Фудбалскиот клуб Црвена звезда денес се раздели со својот тренер Владан Милојевиќ со кој го раскина договорот по лошите резултати оваа сезона.

Тоа што претходно беше и најавено во српските медиуми, денеска е и официјално потврдено.

„Фудбалскиот клуб Црвена звезда ја информира јавноста дека со взаемна согласност е раскинат договорот на Владан Милојевиќ кој веќе нема да ја извршува функцијата шеф на стручниот штаб на нашиот клуб“, се вели во соопштението на црвено-белите.

Се верува дека наскоро Црвена звезда за нов тренер ќе го назначи Дејан Станковиќ.