Милјардерот Кенди пред купување на Челзи

Битката за купување на Челзи продолжува со полна сила, пишува англискиот печат на своите страници утринава. Британскиот милионер Ник Кенди во текот на викендот значително ја подобри понудата за купување на тимот од Лондон, откако до петокот неговата понуда изнесуваше околу 2 милијарди фунти. Тој беше принуден да го стори тоа откако во борбата се вклучи уште еден меѓународен конзорциум, овој пат со корејско учество.

Кенди упати нова понуда до американската „Реин групација“, која беше ангажирана од владата да помогне во обликувањето на договорот за промена на сопственоста на клубот. Кенди се смета за една од најпреферираните опции за нов сопственик на клубот доколку тоа го дозволува финансиската страна на договорот.

Групацијата се очекува да состави конечна листа на најпреферирани понуди засновани на критериуми до средината на оваа недела, по што ќе започнат преговорите. Се очекува креирањето на самата зделка да трае околу еден месец.

Ник Кенди, кој е навивач на Челзи уште од дете, во понеделникот откри дека веќе водел првични разговори со технолошката платформа „PrimaryBird“ за да започне со развивање на модел за активно вклучување на навивачите во клубот и потенцијално одлучување.