Минимален пораз на У21 селекцијата од Италија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија за играчи до 21 година го претрпе и вториот пораз во квалификациите за Европското првенство 2027. Вечерва во Битола на реновираниот стадион „Петар Милошевски“ избраниците на селекторот Горан Станиќ беа поразени од Италија со 0-1.

Иако Италијанците играа со играч помалку од 25. минута по исклучувањето на Моруци, сепак, успеаја да не совладаат. Моментот на одлука беше во 35. минута, кога по еден карамбол во нашиот шеснаесетник Марианучи успеа да го совлада Василев за водство, кое се покажа доволно и за победа.

Иако во неколку наврати се обидовме да парираме, Италија не дозволи да дојдеме до гол за израмнување.