Минимална победа на Јуве на теренот на новиот прволигаш

Јувентус со минимална победа од 0-1 против Фросиноне ја започна сезоната во Серија „А“. Тимот од Торино иако имаше повеќе од играта и од шансите, сепак, на крајот мораше да се задоволи само со минимален триумф со кој ги зпиша првите три бода.

Херој на Јувентус беше Бремер, кој погоди во 22. минута. Консеисао му испрати одлична топка на стоперот, кој со глава стрелаше во голот на домашните.

До крајот на полувремето можеше да има промена на резултатот, Квернадзе од Фросиноне шутираше само крај голот, а Калулу ја погоди стативата. Потоа и Јилдиз имаше добра прилика, но неговиот удар беше одбранет од домашниот голман.

Во вториот дел најдобрите шанси ги имаше Франциско Консеисао, но неговите обиди заврши само крај и над голот.

Целосен шок за Јувентус можеше да се случи во судиското надополнување кога Фросиноне ја погоди пречката преку Калвани.