Миовски го доби орденот „Свети Никола“ на градот Штип

Македонскиот фудбалски напаѓач, Бојан Миовски е еден од добитниците на орденот „Свети Никола“ кој Штип ги доделува на заслужни граѓани од овој град.
Орденот „Свети Никола“ 13 години се доделува на Денот на град Штип – 19 декември, а овојпат меѓу добитниците е и Бојан Миовски.
Во образложението на Комисијата за доделување на ова највисоко признание на Штип, се вели дека Миовски е еден од најдобрите македонски фудбалери кој е силен репрезент на македонскиот фудбал, вистински амбасадор на Македонија.
Миовски е роден во Штип, кариерата ја почна во Брегалница, играше за Работнички и Ренова во домашниот фудбал, а потоа замина во странство, најпрво во Унгарија, потоа и во Шкотска, сега го носи дресот на Жирона во шпанската Ла Лига.
Можеби ќе ве интересира