Миовски доби дозвола да преговара со Ренџерс

Бојан Миовски во последните денови од летниот преоден рок може да се врати во Шкотска и да потпише за големиот Глазгов Ренџерс.

Минатото лето, Бојан Миовски го напушти Абердин и се пресели во Жирона во зделка вредна околу 6,8 милиони фунти.

Македонецот сепак не се снајде во Шпанија, постигна само 4 погодоци, па сега е на излезна врата.

Како што пренесува Скај Спортс, Жирона му дала зелено светло на Бојан Миовски да преговара со Глазгов Ренџерс, агентите на напаѓачот сега се обидуваат да ги договорат личните услови со директорите на клубот од „Ајброкс“.

Скај Спортс додава дека Бојан Миовски е отворен за идејата да си ја врати кариерата на прав пат во Шкотска, каде постигна 44 погодоци на 98 натпревари во дресот на Абердин.