Миовски кандидат за фудбалер на годината во Шкотска

Македонскиот фудбалски репрезентативец и напаѓач на Абердин, Бојан Миовски, е именуван во потесниот круг на четворица кандидати за наградата „најдобар фудбалер на годината“ која ја доделува Шкотската асоцијација на фудбалски новинари
24-годишниот голгетер е во игра за престижната награда откако постигна 25 гола во сите натпреварувања оваа сезона. Покрај Миовски на листата кандидати се и Џек Батланд (Ренџерс), Мет О’Рајли (Селтик) и Лоренс Шенкланд (Хартс).
Победникот ќе биде објавен пред годишната вечер на доделување на наградите во недела, 19 мај.