Миовски одлучи да остане најмалку до јануари во Ренџерс

Македонскиот напаѓач Бојан Миовски би можел да добие нова шанса во Ренџерс, откако повредата на капитенот Лоренс Шенкленд ги промени плановите на шкотскиот гигант за македонскиот репрезентативец. Според „Фудбал Инсајдер“, Ренџерс сега планира да му даде значително поголема минутажа на Миовски во следните месеци, а доколку тој ја искористи шансата, клубот е подготвен да размислува и за негово останување на „Ајброкс“ по јануарскиот преоден рок.
Според „Фудбал Инсајдер“, тој во текот на летото сакал да го напушти Ренџерс и сè уште размислувал за трансфер во јануари. Сепак, повредите и новонастанатата ситуација може целосно да ја променат приказната.