Миовски: Очекуваме силен притисок од Грузија, но ние одиме на победа

Фудбалерите на македонската репрезентација ги продолжуваат подготовките пред двата натпревари од Лигата на нации.

Нашата селекција во петок му гостува на Грузија, додека во понеделник во Скопје ќе биде домаќин на Бугарија.

Свое видување за дуелот со Грузија даде голгетерот на репрезентацијата Бојан Миовски кој настапува во одлична форма за својот нов клуб Абердин.

„Грузија бележи видлив напредок во последниве години. Тоа го покажа и на натпреварот во Скопје, посебно во второто полувреме. Јасно е дека ќе настапуваме без неколку клучни играчи, но сите што сме на располагање ќе го дадеме својот максимум. Очекувам пеколен дуел во Тбилиси, но ние мислиме само на победа“, изјави Миовски.