Мирков промовиран во нов тренер на Шкупи
Македонскиот прволигаш Шкупи неодамна се раздели со Ернест Ѓока по лошиот старт на сезоната, а синоќа го објави неговиот наследник.
Шеф на стручниот штаб на чаирчани ќе биде Матија Мирков. Се работи за човек кој работеше како тренер на голманите, а сега ќе ја понесе функцијата на прв тренер во тимот. Мирков нема да работи сам, бидејќи Шкупи се пофали со двајца нови помошници кои ќе бидат дел од стручниот штаб.
Бобан Бабунски ќе му биде прв асистент на Мирков. Бабунски во досегашната тренерска кариера има искуство со работата во Пелистер, Победа, Вардар и Работнички, а беше и привремено решение и во репрезентацијата.
Како втор асистент во стручниот штаб на Шкупи ќе работи Минас Османи кој ја започнува својата тренерска кариера.