Миркуловски: Сакам победа над Чешка за крај на мојата репрезентативна кариера

Ракометната репрезентација на Македонија, на домашен терен го игра реваншот против Чешка за пласман на Светското првенство во 2023 кое ќе се одржува во Шведска и Полска.
Првиот натпревар во Чешка заврши со нерешен резултат 24:24. Ова ќе биде последен натпревар за Филип Миркуловски во репрезентативниот дрес.
„Ова е мојот последен натпревар во репрезентацијата, и очекувам доста емоции. Ќе се обидеме да завршиме со среќен крај. Да победиме и да се пласираме на Светското првенство“, изјави Миркуловски.