Миротиќ го менува Милано со Монако

Монако блеска оваа сезона во Евролигата, тие се на чекор до пласман на завршниот турнир, но во Кнежевството веќе размислуваат за засилувања за следната сезона.

Монако води со 2-0 во плејоф серијата од елитното натпреварување против Барселона и уште една победа би им обезбедила пласман на завршниот турнир во Абу Даби.

За следната сезона, според медиумите, прва желба е крилниот центар на Армани Милано, Никола Миротиќ.

Миротиќ не му донесе успех на Армани оваа сезона, но беше лидер на тимот на Еторе Месина.

Црногорецот со шпански пасош има договор со Миланезите уште една година, но има опција со која би можел да ја раскине соработката.

Како што објави новинарот Чема де Лукас, Монако е подготвен да му понуди тригодишна соработка на Миротиќ, кој оваа сезона постигнува 17,7 поени со 6,4 скока и две асистенции по натпревар.