Миротиќ е кошаркарот на октомври во Евролигата

Кошаркарот на Барселона, Никола Миротиќ, е најкорисен играч во Евролигата за месец октомври, објавено е денеска на официјалниот сајт на натпреварувањето.
Единствено Барселона беше непоразена во воведните шест кола од новата сезона во Евролигата, а најзаслужен за тоа беше Миротиќ. На крајот од октомври кошаркарот на Барса имаше најдобар индекс на корисност – 144, иако според минутажата на теренот е дури на 27 место.
За Миротиќ ова е рекордна шеста МВП награда во кариерата.