Мирхол почна тренерска кариера во родната Норвешка
Еден од легендите на норвешкиот ракомет, кружниот напаѓач Бјарте Мирхол, ќе има нов предизвик во својата кариера.
Искусниот ракометар, кој најголемиот дел од својата кариера го помина во бундеслигашот Рајн Некар и во данскиот суперлигаш Скјерн, од следната сезона ќе биде тренер во својата татковина.
Мирхол од сезона 2024/25 ќе го предводи амбициозниот тим од Норвешка, Рунар. Станува збор за клуб кој што моментално се наоѓа на 5. позиција во норвешкиот шампионат, а во минатата сезона во Европскиот Куп стигна до полуфинале.
41-годишниот Мирхол со раководството на Рунар се договори на тригодишна соработка, па така екс репрезентативецот на Норвешка ќе има полни раце работа.