Митревски е херојот, Еурофарм Пелистер го совлада Динамо Букурешт

Еурофарм Пелистер ја забележа третата победа сезонава во Лигата на шампионите. Битолчани предводени од брилијантниот Никола Митревски, го победија Динамо Букурешт со 25-24 (12-13). Шампионот на Македонија во пресрет на последните две кола, ги задржа шансите за пласман во нокаут фазата. Македонскиот првак има осум бода колку што по победата над Фуксе Берлин има и Висла Плоцк.

Поради лошата реализиција на седмерците (2/6), Пелистер стравуваше за победата до последните пет секунди. Победата на „зелените“ им аја овозможи најдобриот поединец на натпреварот, голманот Никола Митревски кој забележа 16 одбрани, вклучувајќи и клучната на пет секунди до крајот кога му фати „жива топка“ на Али Зеин.

Најефикасни во редовите на Пелистер беа Тајник со шест, односно Кузмановски и Радовијевиќ со по пет гола. Никола Митревски собра шеснаесет одбрани. Во претпоследното коло, на 27.февруари, Пелистер ќе му гостува на Фуксе Берлин.