Митровиќ го продолжи договорот со Фулам
Александар Митровиќ потпиша нов петгодишен договор со Фулам и така го потврди своето останување во клубот од „Кревен Котиџ“.
Митровиќ не го криеше задоволството од потпишувањето на новиот договор.
„Одлично е да се биде во Фулам. Тука сум неполни четири години и ова е мој дом, навистина сум среќен што го продолжив договоорт“, изјави Митровиќ.
Митровиќ со Фулам два пати се избори за пласман во Премиер лигата, но и во двете сезона испаѓаа веднаш. Сега ќе има трета прилика.