Митровиќ: Да не имаат Бразилците крилја да летнат?

Србија Светското првенство го започнува со Бразил, меч кој се игра во четврток. Бразилците важат за еден од главните фаворити за освојување на Мундијалот, според обложувалниците тие се прв фаворит.

Но, Александар Митровиќ вели дека Србија не се плаши од ниту една репрезентација, па ни од Бразил.

„Знаете ли колку ми е гајле што размислуваат Бразилците, искрено? Откако селекторот Стојковиќ е дојден, фокусот е секогаш на нас, без оглед кој е од другата страна на теренот. Имаат ли Бразилците крилија, да не летаат? Не зборуваме многу за нив, мислиме само на себе и знаеме дека ако сме на ниво, можеме да играме против било кого“, вели Митровиќ.

Пред извесно време тој се мачеше со повреда, но вели дека е подготвен.

„Ако не сум подготвен, не би бил повикан. Од понеделник се ќе биде во ред. Мислам дека сум во години кога можам да ја распоредам силата, да одиграм на искуство, да се штедам каде што треба. Мислам дека нема да имам проблеми, физички се чувствувам добро и подготвено“.