Митровиќ: Се понатаму зависи од нас

Репрезентативецот на Србија, Александар Митровиќ, за изненадување беше стартер за својата селекција во поразот од Бразил со 2:0. Митровиќ веќе извесен период се опоравуваше од повредата на скочниот зглоб и се очекуваше тој да го пропушти дуелот со Бразил.

„Се зависи од нас и тоа е тоа. Одиме понатаму со дуелите. Уште е рано за анализи, но мора да нагласам дека малку паднавме на физички план, и ни недостигаше агресивност. Не успеавме да одговориме на нивното јако темпо. Сепак игравме против една од најдобрите светски репрезентации. Подобро да загубиме сега отколку во наредните два натпревари“, истакнува Митровиќ.

Нареден противник на фудбалерите на Србија на СП во Катар ќе биде селекцијата на Камерун.