Михаил Маневски трето зимско засилување за Вардар

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар промовира трето ново име за зимската пауза.
Вардарци се пофалија со потписот на Михаил Маневски. 25-годишниот бек пристигна во Вардар по една полусезона која ја мина во Тиквеш, а сега ќе се бори за минутажа во скопскиот клуб.
Во својата кариера Маневски настапуваше Академија Пандев, Силекс, Шкендија, Гостивар и Брегалница.
Во претходните денови Вардар се пофали со потписите на Георгије Јанкулов и Михал Пинтер кои пристигнаа од Брера, односно Шкупи.