Михал Шубарчик со 15 години победи во Светскиот Куп во снукер

Полскиот талент Михал Шубарчик испиша историја во снукерот, откако стана најмладиот играч што забележал победа во рамките на СП во снукер.

Шубарчик, кој има само 15 години, два месеца и 25 дена, до рекордот стигна со триумф во првото коло од квалификациите за турнирот во Шефилд.

Тој славеше со 10:7 против искусната Нг Он И, трикратна светска шампионка.

Со овој успех, младиот Полјак го надмина претходниот рекорд поставен од Лијам Дејвис во 2022 година, потврдувајќи дека пред себе има исклучително светла иднина во овој спорт.