Михајловиќ: Донарума требаше да остане во Милан

Џанлуиџи Донарума веќе неколку дена е мета на критики бидејќи се посочува како главен виновник за елиминацијата на ПСЖ од ЛШ.

Донарума направи голема грешка при првиот гол на Бензема, што се покажа како клучен момент на мечот.

Младиот Италијанец ова лето го напушти Милан како слободен агент, а според многумина со тоа направил голема грешка.

„Сите сте премногу сурови кон Донарума, Французите и Италијанците. Го терате да плати за се. Тој не го направи вистинскиот избор, јас исто така разговарав со него и го советував да остане во Милан, ама го избра овој пат. Да не беше Донарума, Италија немаше да го освои Европското првенство, тој беше главниот играч. Во секој случај, се работи за добро момче, но мислам дека погреши што замина од Милан“, изјави Михајловиќ.

Легендарните италијански тренери Ариго Саки и Фабио Капело исто така сметаат дека Донарума направил голема грешка кога заминал од Милан.