Михајловски бронзен на Европското првенство во кик-бокс во Атина

Македонскиот кик-боксер Стефан Михајловски со бронзен медал се враќа од Европското сениорско првенство во Атина, откако не успеа да се пласира во финалето по поразот од украинскиот репрезентативец Серхи Бабенко во полуфиналниот меч.

Михајловски имаше огромна поддршка од неговите колеги од македонската репрезентација и иако храбро и добро се бореше, сепак не успеа да го совлада противникот и во категоријата кик лајт над 94 килограми загуби минимално со 2-1. Нашата земја има уште еден репрезентативец во полуфиналните натпревари, европскиот шампион Бобан Илиоски денес ќе се бори со Христос Филис од Грција за влез во финалето и одбрана на титулата.

Во женска конкуренција, Леа Бошевска загуби од Нил Бејза Гохан од Лихтенштајн, а Андреа Костовска загуби од Меган Охаре од Велика Британија.

На Европското кик-бокс првенство во Атина учествуваат 982 натпреварувачи со 1.133 натпреварувачи влеза од 41 држава.